X
 13.08.2022 Забава

Оптички илузии што ќе откријат различни работи за вашата личност

Оптичките илузии секогаш се забавни за гледање - особено ако постои подлабоко значење зад она што го гледаме на прв поглед.

Од „Јутјуб“ до „Тик-ток“, интернетот е преплавен со различни апстрактни слики што се обидуваме да ги разбереме, а во продолжение ви нудиме пет различни оптички илузии кои тврдат дека откриваат одредени карактеристики на личноста.

Каков мозок имате?

1
Фото: Twitter

Кога ќе ја погледнете сликата подолу, јасно е дека е прикажан човек што трча - но збунува прашањето во која насока трча?

Вашиот одговор открива каков мозок имате.

Ако трча кон вас, тогаш тоа значи дека поседувате солидни аналитички вештини. Откако ќе развиете љубопитност за нешто, ќе научите брзо и ќе можете да ја фокусирате целата енергија на задачата што ја имате. Благодарение на вашите аналитички вештини,  имате убедливи аргументи и добар фокус.

Но, ако човекот трча во спротивната насока, тоа значи дека сте креативни. Исто така, не ви се допаѓа избрзувањето при донесувањето одлуки, но вие сте одлични во извршувањето повеќе задачи, а имате и одлична интуиција, меморија и силни сетила.

Кои се вашите најсилни страни на личноста?


На прв поглед сликата подолу изгледа како да е дел од книга за деца, но има три различни аспекти. Оној што ќе го видите прво ги открива вашите најсилни страни на личноста.

devojce
Фото: Your Tango

Што гледате: девојче, череп или пејзаж?

Девојче - младешка перспектива која ви овозможува да ги надминете пречките и да издржувате под притисок.

Череп - ја претставува интелигенцијата и моќта на вашиот ум да има капацитет за длабока мисла.

Пејзаж - Имате силни инстинкти кои ви овозможуваат да напредувате во ситуации кога другите би ги фатило паника, заедно со силно чувство што ве води во вистинската насока (дури и кога се чувствувате изгубени или збунети).

Илузија што открива дали сте интроверт или екстроверт

iluzija
Фото: YouTube/Bright Side

Илузија со црни линии и со жолта заднина која некои ја протолкуваа како лице со широка вилица и долг нос, а други како темнокоса жена што седи.

Она што прво ќе го видите открива клучна карактеристика на личноста.

Темнокоса жена - Луѓето кои гледаат жена на сликата обично се „резервирани и интровертни личности“, а имаат и остри вештини за набљудување на деталите.

Лице со широка вилица – Оние што гледаат големо лице се екстровертни и ги занемаруваат деталите, а се залагаат за големата слика.

Доверба


Оваа илузија би требало да покаже дали сте срамежлива личност или сте сигурни во себе.

@charlesmeriot #greenscreen #takeaNAIRbreak #CatOnALeash #charlesmeriot #illusion ♬ As It Was - Harry Styles
Тиктокерот Чарлс Мериот им го постави ова прашање на интернет-корисниците и даде увид во тоа што значи нивниот одговор во зависност од тоа дали прво виделе петел или уста на сликата.

- Ако прво сте го виделе петелот, тоа значи дека сте прилично срамежливи и сакате внимание само кога сте во вистинско расположение. Ако прво ја гледате устата, тоа значи дека сте самоуверени, силни и независни, но знаете да бидете тврдоглави и агресивни кога работите не одат како што сакате - вели тој.

Како го гледате светот


@themoreyou #mentalhealth #meme #memehub #fyp #foryoupage #foryou #youtube #follow #tiktok #randomvideos #comedy #animatedstories #opticalillusion ♬ original sound - Know
Серија оптички илузии на „Тик-ток“ откриваат што значи кога прво ќе видите одредена слика и тоа е прилично интересен увид во тоа како го перципираме светот.

На првата слика луѓето прво гледаат пар усни или дрвја.

Оние што прво гледаат дрвја се луѓе кои се прилично јасни и обично им веруваат на другите луѓе.

Луѓето што гледаат дрвја се амбициозни и секогаш се чекор понапред од другите луѓе.

На втората слика, зборовите „good“ и „evil“ (добро и лошо) се напишани на екранот. Ако прво го гледате „good“, тогаш сте оптимист и секогаш го гледате доброто во луѓето. Ако прво го гледате зборот „evil“, тогаш тешко ви е да им верувате на луѓето, барем на почеток.

Извор: indy100.com
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава