X
 14.01.2015 Образование

Образованието е "погребано": Усвоени се измените во Законот за Високо образование



Собранието на Република Македонија со 67 гласа за и 9 против го изгласаа Законот за високо образование со кој се воведува државен испит на факултетите.

Според министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, државниот испит ќе стартува како пилот-проект во учебната 2016/2017 година, ќе се полага два пати во текот на студирањето и доколку студентот не положат во втора година, ќе може да се запише во трета година. Испитот ќе го полагаат и оние студенти кои студираат во моментот и ќе се запишат на магистерски студии. Адеми прифати амандман со кој се предлага резултатите од првиот пробен државен испит да немаат правни последици, пред да се одржи вистинскиот државен испит.

Следна правна инстанца, останува уште претседателското вето, Иванов порача дека за законот ќе одлучел како државник, а не како професор, без да прецизира што значи тоа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование