X
 13.01.2015 Образование

УКИМ со предлог државниот испит да биде пилот проект, МОН прифати

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ побара од Собранието на Република Македонија да има пилот-проект за државниот испит во високото образование.

- Ректорската управа му предлага на Собранието на Република Македонија да интервенира во предложените законски решенија, односно да се пристапи кон одредени предлог-решенија за подобрување на квалитетот на високото образование по спроведување на темелни анализи и пилот-проекти, стои во писмото на Ректорската управа испратено до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и до ресорниот министер Абдилаќим Адеми.

Предлогот произлезе од денешната вонредна седница на Ректорската управа на УКИМ. 

Предлогот целосно може да го поглендте на следниов линк

МОН излезе со соопштение до медиумите во врска со предлогот на УКИМ:


Министерството за образование и наука позитивно ја оценува досегашната јавна дебата и дискусија која се реализира со цел да се унапреди и надгради предложениот пакет реформи за подигнување на квалитетот на севкупниот образовен систем во Република Македонија.

Во таа насока, Министерството за образование и наука смета  дека денешниот предлог понуден од страна на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, за спроведување на пилот проект за државниот испит, пред неговото официјално воведување е конструктивен и добар предлог, којшто позитивно го оценуваме и поддржуваме.

Изразувајќи почит кон Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и другите универзитети, Министерството за образование и наука останува отворено за секоја аргументирана иницијатива и предлог реформа која значи понатамошно унапредување на квалитетот на образованието во Република Македонија.

Потсетуваме дека во изминатиот тримесечен период, прифатени и инкорпорирани се повеќе од 20 предлози кои беа понудени од високо образовните установи, професорите и студентите, како и од  останатите општествени чинители.


Студентите утре ќе протестираат пред Собранието на Република Македонија


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование