X
 14.01.2015 Образование

Совети кои ќе Ви помогнат квалитетно да се подготвите за испит

Ви нудиме неколку добри совети за тоа како да се подготвите за испитите кои ќе ви помогнат да научите и да добиете подобри оценки.

 

испит


Вежбајте од стари испити

Еден од најефикасните начини за подготовка на испит е да вежбате на нивните стари верзии. Ова ви помага при усвојување на форматот на прашања. Доколку си дадете доволно време себеси ќе дознаете колку време ви е потребно за да решите поединечни делови од испитот. Со други зборови, ќе си ја олесните организацијата со времето за време на испитот.

Објаснете им ги вашите одговори на другите


Браќата, сестрите, родителите, бабите, дедовците и домашните миленичиња не мора да значат пречка или дистракција за време на испитните сесии. Искористете ги за да им ги објасните вашите одговори за испитите. Тоа ќе ви помогне да расчистите со себе колку знаете и колку ви е јасно она што го зборувате.

Користете дијаграми и таблици


Визуелната помош честопати знае да биде доста корисна за време на повторувањето. На почетокот на темата напишете го она што веќе го знаете, а покрај него се` што е важно. Некаде помеѓу ќе ја пронајдете разликата. Колку што поблиску доаѓа испитот, доколку вие сте подобро подготвени, разликата меѓу потребното и познатото ќе биде се` помала.

Дајте си доволно време

Не оставајте се` за последен момент. Овој савет сигурно не е револуционерен, меѓутоа без разлика на тоа колку пати некој да ќе ви го повтори вие пак нема да си дадете доволно време. Иако некои студенти тврдат дека најдобро учат под притисок и кога учат во последен момент, општоприфатеното мислење е дека не е баш најдобар избор. Затоа, дајте си доволно време за на мозокот да му овозможите да ги прими информациите - во спротивност постои опасност да ви се измешаат податоците.

Организирајте го работниот простор


Направете удобно место за учење. Земете си доволно простор, обезбедете квалитетно светло и пријатна (но не премногу) столица. Исклучете се` она што би можело да ви го одвлече вниманието и започнете со учење.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование