Длабоко во пустината Невада, се наоѓа осамениот дел од автопатот од State Route 318 во Кристал Спрингс до Route 6 во Ворм Спрингс.
Ова е автопатот Nevada State Route 375, меѓутоа уште од 1996 година, популарно е познат како „автопатот на вонземјаните“, поради многуте НЛО сведоштва кои луѓето ги виделе на овој автопат. Најголемиот дел од овие сведоштва можат лесно да се објаснат: автопатот се наоѓа покрај воздухопловната база, чијашто локација за тестирање е близу, а тука се наоѓаат врвни тајни проектили, авиони и оружје кои биле тестирани во 1950-те.
Славата на овој автопат се должи особено на еден мистериозен дел познат како „Area 51“. Оваа област се наоѓа во близина на езерото Грум, и е обвиткана со мистерија поради што често пати е предмет на теории на заговор, вклучувајќи летечки чинии, вонземјани, слетувања и наводно прикривања од владата.
До средината на 50-те, воените авиони летале под 40.000 стапки. Lockheed U-2 започнал да лета на 60.000 стапки, и тогаш започнале се` почестите сведоштва за НЛО. Тие биле најмногу забележани во раните вечерни часови. Проектите како OXCART и NERVA во „Area 51“, ненамерно поттикнале голем број на НЛО сведоштва и други гласини.
Во 1989 година, инженерот Боб Лазар предизвика големи шпекулации со тврдењето дека работел на вонземјански вселенски брод. Откако неговите тврдења се обелоденија, голем број на љубопитни луѓе започнаа да ја посетуваат оваа област за да најдат НЛО. Користејќи ја оваа можност за развивање на туризмот, државните службеници го нарекоја овој автопат „Автопат на вонземјаните“.
Линк до галеријата.