Во Македонија во среда во утринските часови ќе има појава на магла, која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб западен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -9°C до 0°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 5°C односно до 12°C.
Во Скопје во среда во утринските часови ќе има појава на магла, која ќе се задржи и претпладне. Попладне со сончеви периоди. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -4°C, а максималната дневна ќе достигне до 8°C.
Во четврток во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен но и југозападен ветер. Утринските температури од -8°C до 1°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 5°C до 12°C
Weather4all.com.mk