X
 10.08.2022 Живот

МОН распиша огласи за вработување 521 образовен асистент за ученици со попречености

Министерството за образование и наука (МОН) распиша огласи за вработување стручни соработници, приправници , образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование. Станува збор за огласи во училиштата:

- Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“ во Скопје,  каде што се бараат 200 вработени (стручни соработници, приправници , образовни асистенти за ученици со попречености), за во основните училишта во следните општини: Јегуновце, Теарце, Тетово, Желино, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуша, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Сарај, Сопиште, Студеничани;

- Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ – каде што се потребни 226 вработени (стручни соработници, приправници , образовни асистенти за ученици со попречености) за основните училишта во следните општини: Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово, Липково, Центар, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново, Чучер Сандево и

- Основното училиште со ресурсен центар ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ во Велес – каде што се потребни 95 вработени (стручни соработници, приправници , образовни асистенти за ученици со попречености), за основните училишта во следните општини: Велес, Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Лозово, Свети Николе, Штип, Пробиштип, Карбинци.

Огласите може да ги погледнет на следните линкови:
- Оглас за основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“
- Оглас за основното училиште со ресурсен центар „Иднина“
- Оглас за основното училиште со ресурсен центар ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ Велес

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот