Ресторан во Тексас нуди работа за чување домашни миленици и за тоа плаќа по сто долари на час. Лицето треба да чува кучиња додека гостите уживаат во храната и дружењето.
Меѓу обврските се игра со кучињата и надзор на надворешниот простор наменет за домашните миленици, како и повремено дружење со нивните сопственици.
Се бара и едноставна пријава за работа преку „Инстаграм“, на која потенцијалните работници треба да постават духовити фотографии или снимки, како и да објаснат зошто веруваат дека се најдобри за работата.
Кандидатите не треба да бидат помлади од 18 години и не треба да се алергични на
животни.