X
 11.08.2022 Живот

Компанија бара лице што ќе спие што е можно повеќе

Компанијата за душеци „Каспер“, со седиште во Њујорк, ангажира „спијачи“ кои би заработувале за живот спиејќи. Вработените ќе спијат во продавниците на компанијата.

За жал, вработените ќе треба да прават и нешто друго додека се будни. Имено, тие ќе треба да создаваат содржина за социјалните мрежи за да го споделат искуството на „професионален спијач“.

Идеалниот кандидат треба да има способност за исклучително спиење, желба за што подолго спиење и секако, способност за спиење во секакви околности. Освен што ќе бидат платени за да спијат, вработените ќе може да носат пижами на работа, а ќе добијат и бесплатни производи од компанијата и ќе имаат флексибилно работно време.

Пријавувањето на кандидати истекува денес, пренесува Си-ен-ен.

Извор: CNN
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот