Иако изгледа како дел од научно фантастичен филм „Marx Generator“, понекогаш погрешно толкуван како спиралата на Тесла, бил изграден од страна на рускиот Институт за електротехника во 1970 година, сокриен во шума во малиот град Истра, на 40 километри од Москва.
Уредот имал само една цел - да создава молњи, а потоа да ги насочува кон материјал со цел да се тестира неговата изолација и отпорност на удар од гром (особено корисно кај авионите, возовите, автомобилите...)
Овој генератор апсолутно е единствен; не постои ништо друго во светот слично на него, пред се` поради неговата исклучителна способност за најпојување. Во текот на неговиот врвен капацитет, кога молњата се празни на изолирана платформа, оваа супермашина има сила еднаква на сите производствени погони во Русија - вклучувајќи и електрични централи, хидроелектрани, ветероелектрани, нуклеарни и соларни електрани - заедно! Но, ова трае само околу 100 микросекунди.
Оваа машина за генерирање на молња, се`уште е без конкуренција во нејзиниот капацитет на празнење, и е способна да создаде 150 метри висока вештачка молња, за која се верува дека е и најголема во светот. Оваа молња се ослободува на посебна изолирана платформа преполна со сензори кои детектираат како тестираните материјали се однесуваат кога се погодени од молња.
Истражувачкиот центар спровел многу тестови уште од советско време, а со оглед на тоа што машината е многу скапа за користење, во поново време се користи само за посебни ситуации. Последен пат била искористена за испитување на материјалот на рускиот авион „Sukhoi Superjet“.
Официјално, „Marx Generator“ никогаш не се користел за да влијае на временските услови, но затоа никој не оспорува дека се користел за изработка/тестирање на „оружјето на иднината“.