Родителите отсекогаш биле против играњето видео игри и секогаш велат дека тие не се добри за ништо. Но, новата игра развиена од „Ubisoft“, докажува дека сепак родителите не биле во право.
Играта „Dig Rush“ создадена во соработка со „Amblyotech Inc.“ и направена врз основа на истражувањето на офталмолозите на Универзитетот Мекгил, е многу повеќе од игра. Таа е дизајнирана да помогне во лекувањето на амблиолија, состојба позната како „мрзливо око“ во која едното око не работи заедно „во соработка“ со другото и со мозокот. Оваа состојба е доста честа, со што погодува 2 на секои 100 деца.
Играта бара употреба на 3D очила; може да се прилагоди ниво на црвена и сина боја преку еден или друг објектив на очилата. Докторото може да ги прилагоди овие нивоа, принудувајќи го окото кое гледа добро и мрзливото око да работат заедно.
Еден од традиционалните третмани за мрзливо око е покривање на здравото око, со цел да се развие мрзливото. Меѓутоа постојат одредени проблеми со овој третман, како на пример, ако се блокира едно око може да се случи мозокот да не се научи да толкува што двете очи му кажуваат во истовреме. Проблем е и тоа што поголемиот дел од децата не сакаат подолго време да носат парче на нивното око.
Од друга страна, дајте им на децата специјална видео игра за да подобрување на нивниот вид, тие дефинитивно ќе го следат лекувањето.