Балканот вклучувајќи ја и Македонија се под влијание на циклонска активност која ќе услови врнежи од дожд, а понекаде и врнежи од снег.
Нестабилното време со врнежи од дожд ќе продолжи и во сабота. Во текот на денот ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат во доцните попладневни и во вечерните часови.
На планините над 1000 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.
Утринските температури од 0°C до 7°C, а максималните температури ќе се движат од 3°C односно до 11°C.
Во Скопје во сабота ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 4°C, а максималната дневна до 8°C.
Weather4all.com.mk