Денес е среда, 8 март 2017 година, 67-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:53, а ќе зајде во 17:36 часот. Денот ќе трае 11 часа и 43
минути.
Во раните утрински часови имавме облачно време со врнежи од дожд кои што
постепено престануваат, но веќе претпладне не очекуваат нови врнежи.
МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот не очекува облачно време со поинтензивни
врнежи од дожд, кои што ќе бидат проследени со засилен ветер.
Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните, југозападните и јужните
предели, локално да наврнат и над 30 литри. Ќе дува доумерен засилен
северен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч
претежно во западните предели. Минималните температури од 1 до 8
степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 4 односно
до 14 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје денеска се очекува облачно време со врнежи од дожд
кои што попладне ќе бидат поинтензивни. Ќе дува доумерен североисточен
ветер. Утринската температура од 7 стапени, а максималната дневна до 13
степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток умерено облачно време со повремени
сончеви периоди, само во јужните, југоисточните и источните предели
претежно облачно време со врнежи од дожд. Утринските температури од 1 до
9 степени, додека пак максималните ќе се движат од 5 до 15 степени. Во
петок малку посвежо утро со утрински температури од -1 до 7 степени,
додека пак во текот на денот умерено облачно време со повремени сончеви
периоди и малку посвежо со дневни температури од 4 до 14 степени. Падот
на утринските температури ќе продолжи и во сабота и недела кога ќе се
спуштат од -3 до 5, односно од -5 до 3 степени. Во текот на денот ќе
биде умерено облачно со сончеви периоди и дневни температури кои ќе се
движат во интервал од 4 до 14 односно од 6 до 16 степени.
Weather4all.com.mk