Македонија во вторник ќе биде под влијание на висок воздушен притисок и јужно воздушно струење кои што ќе условат сончево и топло време. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен и западен ветер.
Утринските температурите повторно ќе бидат пониски од просечните, но за некој степен повисоки од денешните и ќе се движат во интервал од 7 до 17 степени, додека пак максималните температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 24 односно до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.
Во Скопје во вторник ќе биде сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна ќе достигне до 32 степени. УВ индексот 6.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во среда ќе биде сончево и топло. Утринските температури од 9 до 19 степени, а максиманите дневни температури ќе достигнат до 24 односно до 35 степени.
Во оваа недела најтопло се очекува да биде во четврток и петок. Во четврток максималните температури ќе се движат од 26 до 37 степени, додека во петок тие ќе се движат во интервал од 27 до 38 степени.
Во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло, иако максималните температури ќе бидат во опаѓање. Утринските ќе се движат од 10 до 20 степени, додека пак максималните од 25 до 36 степени.
Weather4all.com.mk