Постои нова апликација наменета за луѓе кои се плашат од летање.
Имено, апликацијата им помага на корисниците да се смират со статистики за малите шанси за пад на авионот. Апликацијата е едноставно наречена „Am I going down?“, а е направена за корисниците на ајфон и ајпед. Таа веќе е достапна за преземање (
http://appstore.com/amigoingdown).
Стравот од летање е чест. Апликацијата била направена од брачен пар и тим програмери, Ник Џонс и Џули Постлтвејт од „Ванила пиксел“. Ник вели дека инспирацијата за создавање на апликацијата доаѓа од неговата соприга, која имала страв од летање долго време.
Апликацијата е лесна за користење. Едноставнo, и' кажувате на каков авион летате, на кои аеродроми пристигнувате и полетувате и апликацијата ви ги кажува шансите за уривање на авионот, кои секогаш се еден во милиони.
Апликацијата користи податоци за несреќи со авиони од повеќе места, а потоа ги анализира шансите за пад точно и брзо.
„Факт е дека летањето со авион е неверојатно безбедно“, вели Ник.