Мора да признаеме, ние навистина имаме бесмислени закони. Меѓутоа, се чини дека имаме и силна конкуренција од страна на светот.
Забрането умирање
Градот Лонгирбајен во Норвешка има закон за забрането умирање. Значи, таму умирањето е противзаконско. Причината за овој закон е фактот дека телата не се распаѓаат во текот на годината поради ниските температури. Последниот пат кога некој бил закопан на гробишта било пред 70 години. Доколку тука се најдете тешко болен нема да бидете итно пренесени до копно кадешто може да умрете без страв од апсење.
Забрането џвакање
Доколку патувате во Сингапур не заборавајте да ги исфрлите сите гуми за џвакање бидејќи од 1992 година, тие се противзаконски. Единствениот исклучок се никотинските гуми за џвакање, но тие се купуваат само со рецепт.
Глад во ресторани
Во Данска, не смеете да ја платите храната која сте ја изеле во ресторан доколку не сте сити по ручекот.
Дебелина
Во Јапонија е забрането да се биде дебел. Во 2009 година бил донесен закон за максимална ширина на појасот. На пример, жените не треба да имаат поширок појас од 90 центиметри.
Тајланд и долната облека
На Тајланд е забрането излегувањето од домот без долна облека. Забрането е и да се вози автомобил без маица, а и газење по пари.
Задолжителна проверка
Во Данска законски сте обврзани секогаш кога го палите автомобилот да погледнете под него дали има некое заспано дете. Од друга страна, законски не е забрането бегањето од затвор.
Дозвола од вонземјани
Британскиот закон за вселената од 1986 година наведува дека Велика Британија може да користи одредена сила за да спречи инвазија на вонземјани, но само доколку не поседуваат дозвола за доаѓање на нашата планета.
Пуштање вода во тоалет
Во Швајцарија, пуштањето вода од тоалетот е забрането по 22 часот вечерта.
Никако алкохол и стоење
Во Чикаго не смеете да стоите додека пиете алкохолен пијалок. Во Кливленд, само една личност може да пие од едно шише виски, а во Саскачеван, Канада е забрането пиењето вода таму кадешто се точи пиво.