X
 26.02.2017 Култура

Најљубезните земји во светот

Глобалната социјална мрежа InterNations ги објави резултатите од своето годишно  истражување на иселениците – Expat Insider Survey, во кое беа вклучени повеќе од 14 илјади иселеници од 191 земји. Тие во анкетата оценувале повеќе аспекти на сопственото живеење во земјите каде што се преселиле, вклучително и колку време им требало за сместување, колку лесно или тешко стекнале пријатели како и општата гостопримливост на локалното население.

1. Уганда

Највисоки оценки за гостопримливост доби оваа источноафриканска земја. Она што ги прави жителите на Уганда исклучително гостољубиви е тоа што прифаќањето на сите националности е вткаено во нивната  национална култура.

2. Костарика

Девет од десет иселеници се задоволни со општата гостопримливост на жителите, а 79 проценти изјавуваат дека таму се чувствуваат како дома. Причина за тоа е pura vida , што буквално се  преведува како  „чист живот“, што значи дека луѓето се задоволни со она што го имаат, без грижи, проблеми и нервози.

3. Колумбија

Иселениците овде брзо се чувствуваат како дома заради исклучителната љубезност на Колумбијците кои сакаат да ја прикажат својата земја во позитивно светло, како и нивната подготвеност да им помогнат на доселениците.

4. Оман

Жителите на една од најсончевите земји на светот со благопријатна клима, се отворени и љубезни кон странците, а во согласност со својата исламска вера, подготвени се секого да поканат на гости во својот дом и да послужат кафе, урми и овошје.

5. Филипини

Луѓето  се пријателски расположени и секогаш насмеани, а културата им налага често да организираат забави, каде можат да се стекнат и запознаат нови пријатели. Затоа и доселениците овде се чувствуваат вонредно добредојдени.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура