Секоја година аналитичарите што стојат зад Светскиот извештај за среќа испрашуваат жители на над 150 земји за да дознаат каде живеат најсреќните луѓе. Богатството често игра улога, но постојат региони во кои жителите се среќни иако државите не се меѓу најбогатите, пишува „Попси“.
Сомалија
Жителите на Сомалија се блиски со семејството, а роднините им се приоритет на сите. За жените со деца и мајките што работат, целото искуство на чување деца е полесно поради помошта од роднините. Во земјата има граѓанска војна од 1991 година, но според анкетите, жителите на оваа земја се едни од најсреќните во Африка.
Фото: Pixabay
Узбекистан
Повеќето земји во Централна Азија се диктатури, но Узбекистан се разликува, а според Светскиот извештај за среќа, ова се забележува и во поглед на среќата на жителите. Државата прави промени по долгото диктаторско владеење на Ислам Каримов, кој почина во 2016 година, а ова претставува надеж за граѓаните.
Костарика
Полуостровот Никоја во Костарика е место во кое жителите често ја доживуваат 100-тата година. Просечниот животен век е 81 година, што е повеќе од просекот од 75 години во Латинска Америка. Долговечноста не е многу поврзана со богатството бидејќи најсиромашните жители на Костарика умираат со стапка што е 1,5 пат повисока од богатите, додека во САД сиромашните умираат со стапка 3,4 пати повисока од онаа на богатите.
Фото: Pixabay
Финска
И покрај студените зими, Финска е најсреќната држава на планетата. Таа е над Тајван, кој има сличен бруто-домашен производ (БДП) по глава на жител, но и потопла клима. Помалите јазови во платите на жителите и владини иницијативи, како долго платено породилно отсуство и бесплатно здравствено осигурување, можеби го кријат одговорот за среќата на Финците.
Автор: Кендис Вонг
Извор:
popsci.com