Во петок Македонија ќе биде под циклонско влијание од запад, па се очекува продор на влажна воздушна маса од запад која прво ќе услови поинтензивни врнежи од дожд во западните предели, а потоа ќе се прошири и во останатите предели. На планините со врнежи од снег.
Локално се очекуваат да наврнат и до 30 литри дожд.
Попладне во западните предели врнежите ќе престануваат и услови за повремени сончеви периоди.Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 2 до 10 степени, а дневните температури ќе достигнат до 6 односно до 15 степени.
Во Скопје во петок ќе биде облачно со поинтензивни врнежи од дожд и ветровито. Во доцните попладневни часови врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна температура до 12 степени.
Weather4all.com.mk