Во Македонија во петок претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, околу пладне зголемување на облачноста и продор на влажна воздушна маса од северозапад и запад која ќе услови врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат во северните и западните предели, локално да наврнат и до 10 литри дожд. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 1 до 10 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 17 степени.
Во Скопје во петок ќе биде претежно облачно, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 6 степени, максималната дневна до 14 степени.
Во наредните денови во Македонија ќе продолжат натпросечните високи температури за овој период од годината. Во сабота претежно сончево со локална облачност и максимални температури од 10 до 19 степени. Во недела претпладне претежно сончево, попладне зголемување на облачноста. Дневните температури од 11 до 18 степени. Во понеделник под влијание на циклонска активност ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и температури од 12 до 19 степени. Во вторник во утринските часови врнежите ќе престануваат и во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Максималните температури од 10 до 17.
Weather4all.com.mk