Денес е четврток, 16 февруари 2017 година, 47-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:23, а ќе зајде во 17:12 часот. Денот ќе трае 10
часа и 49 минути.
Ова утро во Македонија имаме претежно ведро и потопло време, потопло
бидејќи утринските температури се повисоки од вчерашните, а во најголем
дел од Македонија се и за 1-2 степени повисоки од просечните за овој
период од годината.
МАКЕДОНИЈА –Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време за
овој период од годината, со температури кои ќе бидат и за 5-6 степени
повисоки од повеќегодишниот просек. Ветерот ќе слабее и ќе дува доумерен
слаб североисточен и северозападен ветер, а во попладневните и во
вечерните часови ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер.
Минималните температури од -7 до 0 степени, додека пак максималните
дневни температури ќе достигнат до 6 односно до 15 степени.
СКОПЈЕ – Во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот
сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -2
степени, додека пак максималната дневна до 12 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во петок по студеното утро во текот на
денот ќе биде претежно сончево и топло со дневни температури кои ќе се
движат од 6 до 14 степени. Во сабота наутро и претпладне претежно
сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста, а во
северозападните предели со услови за слаб дожд. Дневните температури од
6 до 14 степени. Во недела и понеделник умерено облачно време со услови
за врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западната половина на
Македонија и пораст на утринските температури кои ќе се движат од 1 до 8
степени, додека пак максималните дневни во недела од 4 до 12 степени,
додека пак во понеделник ќе се движат во интервал од 5 до 13 степени.
Weather4all.com.mk