Денес е среда, 9 ноември 2016 година, 314-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 06:10, а ќе зајде во 16:23 часот. Денот ќе трае 10 часа и 13
минути.
Ова утро во Македонија имаме облачно време со врнежи од дожд кои што се
проследени со засилен ветер, но и утрински температури кои се повисоки
од просечните за овој период од годината. Во раните утрински часови само
во крајните југоисточните предели беше облачно.
МАКЕДОНИЈА – Врнежите од дожд продолжуваат и во текот на денешниот ден.
Во раните утрински и претпладневните часови поинтензивни врнежи се
очекуваат во северозападните, западните и југозападните предели каде
локално се очекуваат да наврнат и над 40 литри дожд, додека пак околу
пладне и попладне поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните и
источните предели, локално и над 30 литри дожд. Во вечерните часови
врнежите ќе престануваат. Над 1800 метри се очекуваат врнежи од снег.
Ќе дува доумерен засилен југоисточен и југозападен ветер. Минималните
температури од 5 до 13 степени, додека пак максималните температури до
10 односно до 18 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје во среда облачно со врнежи од дожд и ветровито време.
Ќе дува доумерен јужен ветер. Минималната температура од 10 степени, а
максималната дневна до 15 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток умерено облачно време со повремени
сончеви периоди и постудено време со пад на температурите. Во крајните
западни како и северозападните предели со услови за слаби врнежи од дожд
и снег на планините. Максималните температури од 7 до 16 степени. Во
петок преодна стабилизација на времето, претежно сончево со локална
облачност и температури од 9 до 18 степени. Во сабота облачно со врнежи
од дожд кои ќе бидат со послаб интензитет и температури од 6 до 15
степени, над 1400 метри со врнежи од снег. Во недела претежно сончево
време со локална облачност и температура од 7 до 16 степени.
Weather4all.com.mk