Наградуваниот филм режиран од Андреј Звјагинчев раскажува приказна за корупција и угнетување која Москва не сака светот да ја знае.
Изминатата недела, многу Руси ја гледаа пиратската верзија од „Leviathan“, филмот кој освои Златен глобус годинава за најдобар странски филм. Веднаш се појавија и коментари од страна на јавноста. Форумите се наполнија со тешки критики.
Кога режисерот Звјагинчев се вратил од церемонијата на Златните глобуси, тој слушнал од своите сограѓани дека неговиот филм е полн лаги и треба да биде забранет, а актерите треба да бидат казнети. Се предложил дури закон за заштита на руската публика од филмови кои се штетни за репутацијата на земјата.
Некои сметаат дека филмот бил порачан од страна на Американците.
Никој од овластените лица не му се обратил на режисерот да му честита на ниту една од неговите награди во Кан, Златниот глобус или номинацијата за Оскар.
Режисерот е навреден од овие критики, особено поради фактот што му биле потребни три години само да го напише сценариото, а уште една година за одбирање на актерите.
Филмот, впрочем, раскажува една универзална приказна за човештвото, за начинот на кој светот може да уништи нечиј живот, за недостатокот на сочувство од страна на луѓето и за уништувањата на сопствените животи од страна на малите луѓе.
Сето ова е претставено преку трагичната приказна на алкохоличар Русин кој живее на брегот на Арктичкиот океан, чиј живот се распаѓа.
Филмот е забранет за прикажување ширум земјата, иако премиерата била закажана за 5 февруари.