Дали некогаш сте размислувале дека може да заработите пари ако глумите програмер, ако лежите по цел ден и цела ноќ на каучот или ако се обидувате да продавате нешто со тажно лице? Доколку сте размислувале, пакувајте ги куферите и веднаш заминете во Русија!
1. Тестер на каучи, Кировска област, 1080 евра месечно
Одговорност: Тестирање на каучи во седечка, полулежечка и лежечка положба најмалку 10 часа дневно; гледање телевизија додека седите или додека лежите на каучот; фотографирање и снимање со камера на целиот процес на тестирање.
Потребни квалификации: Високо образование (по можност техничко), издржливост; работата е одлична за луѓе што сакаат да седат; пријатели (најмалку 1-2) и љубов кон работата.
Услови: Работа од дома; полно работно време; тестираниот кауч останува во сопственост на работникот што го тестирал.
Кога ќе се пријавите за оваа работа, потребно е да испратите фотографија од вас како лежите на кауч.
2. Имитирање програмер, Тјумењ, 175-440 евра
Одговорности: Кога ќе ви дојдат клиенти, ќе морате да отворите програмски код (ќе добиете документ со кодови) и внимателно да гледате во мониторот и да кажете нешто како: „Само кретен може да создаде ваков код“ и слично. Ќе добиете список на фрази кои ќе морате да ги научите напамет. Списокот ќе се обновува еднаш месечно.
Потребни квалификации: Поседување износен џемпер, а предност имаат кандидатите со очила.
Услови: Имаме четири одлични експерти во нашата канцеларија, но кога клиентите ќе видат толку мал број вработени ја губат довербата. Затоа одлучивме да вработиме 2-3 личности што ќе имитираат дека се програмери и дизајнери. Обезбедени ви се кафе и колачи. Во слободно време работете што сакате пред компјутер.
3. Волонтери за истражување на соништа, Московска област, 1190 евра
Институтот за сон „А.С.Мечников“ бара волонтери од 18 до 35 години за проучување на фазите на сонот. Вработените мора да одат во институтот, да спијат од 23:30 до 6:00 часот наутро со уреди прикачени на телото.
4. Дегустатор на вотка, Новосибирск, 670-810 евра
Компанија бара здрави мажи со силна градба.
Одговорности: Секојдневно треба да тестираат 5 до 7 различни вотки.
5. Продавач со тажен израз на лицето, Москва, 590-1400 евра
Компанија бара личност која систематски ќе ги извршува своите обврски во согласност со поставениот план. Имагинацијата и креативноста се недостатоци.
Компанијата нетрпеливо очекува да го прочита вашето досадно CV.
6. Преведувач кој умее да пцуе на германски, Москва
Квалификации: Одлични јазични вештини, како и умешност во пцуење на германски јазик.
7. Личност која ќе глуми младоженец на свадба, Санкт Петербург, 1050 евра
Итно се бара младоженец. Регистрација на бракот не е потребна, венчавката ќе биде само за гостите. Од кандидатот се бара да биде во костум и да ја прегрнува невестата.
9. Ловец на покемони, Москва, 970 евра
Извршен директор на компанија е фасциниран од играта „Покемон гоу“, но нема кога да ја игра. Бара личност што ќе може да постигне извонредни резултати.
Одговорности: Да го земе паметниот телефон на извршниот директор, да оди на одредени места во московската кружна магистрала и да ги пронајде покемоните.
Квалификации: Да имате стигнато до 20. ниво на играта; да сте во состојба да играте во кои било временски услови; да имате бонуси за ретки покемони.
10. Луд продавач на телефони, Краснодар, 220-250 евра
Се бара луд продавач на телефони со вештини на спартански војник и издржливост на олимписки шампион.
Одговорности: Да извршувате милион телефонски разговори; да верувате во себе и во вашата дарба за продажба.
Услови: Посебен дрес-код не постои, но не доаѓајте на работа по костим за капење.
11. Имитатор на менаџер за продажба, Казањ, 0 евра
Се бараат луѓе што сакаат да добијат работа во голема компанија и да се дружат со успешни соработници за во иднина да можат да заработат од 800 до 1800 евра месечно.
Услови: Плата 0 евра; вкусен ручек; компанијата одвреме-навреме организира скара во природа.
12. Менаџер на одделението за среќа, Санкт Петербург, 590 до 880 евра
Млада компанија во фаза на преминување од семеен бизнис во голема организација бара менаџер на одделението за среќа.
Одговорност: Да го зголеми нивото на среќата на соработниците, да ги мотивира да работат, мониторинг на нивното задоволство на
работа.