Студентите бараат целосно укинување на новиот закон за високо образование, а не само одложување на државниот испит. Студенсткиот пленум вчера ја доби поддршката и од Професорскиот пленум.
Собранието на Република Македонија на вчерашната седница реши по скратена постапка да ги усвои измените на Законот за високо образование, но гласањето е закажано за денеска откако ќе мине на матичните комисии. Собранието ќе се изјасни и за законите за хонорарите и за редовно вработување.
Студенти од техничките факултети, со транспаренти на кое пишува „Автономна зона“ ја
блокираа наставата на Машинскиот факултет, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ и ги повикаа своите колеги да се приклучат кон борбата против измените на Законот за високо образование.
-Автономната зона претставува симболично олицетворение на чуварите на Универзитетот и Универзитетската автономија, студентите. Значи, таа зона всушност ќе биде под будно око на студентите, таа зона ќе биде и нивното живеалиште, се со цел да се покаже дека Универзитетот ни припаѓа нам и дека власта не може со наметнати законски решенија да ни го одзема или оттуѓува, изјави Ивана Туфегџиќ (22, студент на постдипломски студии на Правниот факултет и член на Студентскиот пленум) во
интервјуто за Дојче Веле.