На универзитетите може да им биде дозволено да организираат авионски превози за илјадници странски студенти за да ги намалат загубите предизвикани од пандемијата, иако забраната за влез во земјата на странски државјани може да биде активна со месеци.
Нив Пауер од државната комисија за координација на Ковид-19 изјавил дека странските студенти се клучни во рестартирањето на економијата. Странските студенти придонесуваат со 35 милијарди долари годишно во австралиската економија.
Фото: Pixabay
Според Пауер, важно е да се рестартира образованието за раното обновување на економијата. Владата не предвидува финансиска
помош за универзитетите за време на пандемијата, па дозволувањето на странските студенти да влезат во земјата може да биде решение за нивните финансиски проблеми.
Пауер објаснува дека студентите што би влегле во земјата би требало да поминат период во карантин за да се спречи потенцијалното ширење на коронавирусот.
Фото: Pixabay
Според експертите во Австралија, патувањето во странство веројатно ќе биде дозволено по октомври, иако Австралија планира да ги намали ограничувањата за движење оваа недела. Патувањето меѓу сојузните држави би можело да биде дозволено без ограничувања во август доколку бројот на новозаразени лица остане мал.
Исклучок во забраната за патување надвор од земјата може да биде Нов Зеланд бидејќи двете влади размислуваат да овозможат патување помеѓу двете земји.
Автор: Лорен Фери
Извор:
dailymail.co.uk