X
 13.02.2015 Култура

Зомбиленд или Битола - шокантни фотографии

Почитувани,

Погледнете добро - ова се фотографии направени во зоолошката градина во Битола, место каде завршуваат битолските бездомни кучиња.



Како во некој Зомбиленд, во тесни кавези и коски од огромно заклано животно. Ова е третманот на „најдобриот човеков пријател„ во општина Битола, третманот кој согласно Законот за заштита и благосостојба и други правни акти е надлежност на општините, градоначалникот. И ни помалку ни повеќе кучињата се сместени во Зоолошка градина, меѓу диви животни! Анима Мунди пред еден месец упати Барање за информации за јавен карактер до ЈП Комуналец Битола кои се надлежни за спроведувањето на третманот на животните. Баравме информации која е официјалната Програма по која работат, кој ја спроведува, евиденција колку кучиња се убиени и увид во документите (набавката ) за количината на тоа средство. Наместо одговор на нашите барања добивме известување кое вели дека „кучињата ги лови шинтерска служба (2 шинтера); дека ветеринари допрва ќе се избираат“ (значи нема ветеринар во моментов!) , дека кучињата„ хумано се сместени, чувани, се вдомунаваат и не се убиваат“.

ФОТО - ГАЛЕРИЈА

Анима Мунди Ве прашува: Кого лажете!? Зошто постојат институциите кои согласно Закон се должни да гарантираат хуман третман на кучињата? Има ли намера конечно Агенцијата за храна и ветеринарство да го применува законот и најстрого ги казни сите сторители – институции, општини, градоначалници, комунални претпријатија - кои фрапантно го кршат Законот за заштита и благосостојба ? Ќе реагира ли Агенцијата за храна и ветеринарство, Директорот, секторот за здравствена заштита на животните и најстрого ги казни сите инволвирани, а затвори ова место на мачење? До кога ќе не шетате по бирократските лавиринти и ќе не игнорирате? Колку пријави треба да поднесеме за некој да биде казнет согласно закон? Што се случува со бројните Пријави и Претставки кои ги упатуваме до АХВ, пред се за Вардариште, кои се безмалку на месечна основа a за кои немаме ни одговор? И за Битола при очи ќе се правиме слепи? Постои ли воопшто АХВ како институција, дали е независна и објективна и како таква смее ли да постапува согласно надлежностите и казнува кога сторителот е институција?

ПАРАЛЕЛНО СО ДНЕВНИТЕ ХОРОР ПРИКАЗНИ НА КОИ СЕ ИЗЛОЖЕНИ КУЧИЊАТА ВО МАКЕДОНИЈА ОД СТРАНА НА ИНСТИТУЦИИТЕ, АНИМА МУНДИ Е ОНЕВОЗМОЖЕНА ДА СТЕРИЛИЗИРА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА!

Пред неколку месеци и во медиумите информиравме дека Анима Мунди воспостави Меморандум за соработка со најстарото и најсилното здружение за заштита на животни од Италија, ЕНПА, каде успеавме да ја наметнеме потребата од помош за Република Македонија и обезбедиме помош во бесплатна стерилизација на бездомните кучиња. Можноста се состоеше во тоа да, во соработка со ветеринари кои ние ќе ги одбереме (имаме доверба во нивната стручност и етика) , реализираме во 2 месеца 200 стерилизации во градот Скопје, вршиме едукација, промоција на проектот со можност за негово проширување од локално на национално ниво.

Бројката можеше да изнесува илјадници кучиња годишно во различни градови во државата кои ги плаќа ЕНПА од Италија на ветеринарот што ќе го одберевме (активистите на Анима Мунди процесот би го раководеле и мониторирале во целост волонтерски) . Да стерилизираме во Скопје и во државата и на тој начин им помогнеме на животните, но и на граѓаните и нашата држава и заштедиме средства од буџетите на граѓаните (само со овие 200 се заштедуваат над 6 000 евра – за 2 000 заштедите би биле над 50 000 евра!). Со месеци баравме модус да добиеме дозвола од АХВ за стерилизација и обележување на кучињата (зошто во спротивно сме изложени на казни што ни беше предочено!) и нивен слух дека во интерес на градот и државата ваквата прилика не треба да ја загубиме и придонесеме кон заштитата на граѓаните , животните...

Меѓутоа од АХВ, со образложение дека со закон обврска за контрола на популацијата бездомни кучиња ја има само општината па дека треба со нив да соработуваме, бевме куртоазно административно одбиени и спречени да ја добиеме оваа помош!! Со други зборови, јавноста ИМА ПРАВО ДА ЗНАЕ дека ние иако сакаме и можеме да помогнеме НЕ СМЕЕМЕ да помогнеме, зошто согласно АХВ ние не смееме да ги стерилизираме бездомните животни! Смееме само вдомени ! КАДЕ ЖИВЕЕМЕ НИЕ?

Во нашата држава се е можно – кучиња да се убиваат и трујат, заловуваат со клешти и подложат на програми на тотално уништување; сместуваат во зоолошки и подложат на стрес и страдање; но граѓаните и здруженијата , оние кои сакаат да помогнат не смеат да се мешаат и се упатуваат на делови од законите кои во контекстот во кој живееме звучат како од солена шега и гротеска!

Ги повикуваме новинарите во наше име да постават прашања со кои добиениот одговор ќе биде јасен и недвосмислен: 

 1) дали АХВ ќе ја казни Битола (општината, ЈП Комуналец, Зоолошката градина) и дали ќе го затвори дувлото во Битола;

2) дали работат во интерес на граѓаните, државата и животните и

3) дали Анима Мунди самостојно, со сопствени трошоци и ресурси ,и во соработка со овластени ветеринарни лица смее да стерилизира бездомни кучиња и придонесе во надминувањето на проблемот со нивната прекубројност во Република Македонија – т.е дали, доколку почнеме самите да заловуваме, стерилизираме, постоперативно згрижиме 200 бездомни кучиња (веќе овој месец) и на тој начин помогнеме на градот, граѓаните, животните; ќе бидеме казнети!?

со почит,

Здружение за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“

Фотографии во ГАЛЕРИЈАТА.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура