X
 23.11.2018 Живот

На местото на најголемaтa јужнокорејска кланица за кучиња ќе има парк

Властите во Јужна Кореја почнаа со уривање на најголемата кланица за кучиња што се наоѓа во јужното предградие на Сеул и која ја снабдува целата земја со кучешко месо.

Кучешкото месо е дел од националната кујна во Јужна Кореја, каде што годишно се јадат околу половина милион кучиња.

Но, сѐ повеќе Корејци го гледаат кучето како милениче и пријател, а не како домашно животно што се чува за прехрана.

Комплексот би требало да биде урнат за два дена, а на негово место ќе има парк.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот