X
 21.03.2020 Забава

Индија на уникатен начин ги намали железничките несреќи со слоновите

За дел од вработените во железницата во Индија бркањето слонови од пругите е секојдневие. Но, не успеваат секогаш. Затоа властите од градот Морадабад инсталирале аудиосистеми од кои излегува звук на брмчење на пчели покрај пругите. Зошто пчели? Се чини дека слоновите се плашат од нив.

- Се покажа дека системот е успешен бидејќи не е забележана несреќа со животни во последните две години - велат властите.


Фото: Pixabay

Очигледно слоновите не се вознемируваат кога ќе го слушнат звукот на воз кој се приближува, па затоа се случуваат незгоди на пругите. Од 1987 до јули 2017 на овој начин настрадале 266 слона во Индија.

Идејата за звучниот систем била на железницата и секторот за шумарство, кои го имплементирале проектот пред две години. Системот бил инсталиран на над 50 места каде што поминуваат многу слонови. Звукот се пушта неколку минути пред поминувањето на секој воз и се слуша до над 600 метри.


Автор: Марко Маргаритоф
Извор: allthatisinteresting.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава