Повеќето луѓе веруваат во тоа дека кучињата можат да „намирисаат“ каква е една личност. Сигурно барем еднаш сте виделе куче на улица што ѝ лае и ѝ 'ржи на личност што не му направила ништо, а на други воопшто не реагира или пријателски им приоѓа. Можеби сте имале и ситуација во која вашето милениче игнорира некои од вашите пријатели или гости, а од некои дури и бега.
Постојат научни истражувања кои одговараат на прашањето зошто го прават тоа домашните миленици. Познатиот експерт за однесување на кучињата, Стенли Корен, го наведува примерот на своја познајничка која забележала дека нејзиното куче чудно се однесува кон мајката на нејзиниот маж. Кучето ја игнорирало, па дури и не сакало да земе храна од неа.
Кучето така се однесувало затоа што ја видело кога таа не сакала да ѝ помогне на неговата сопственичка, откако таа ја замолила за помош. Тоа е вистински доказ дека кучињата добро го впиваат сето она што се случува околу нив и дека по неправда, што ја уочиле кај некои луѓе, кон таа личност се однесуваат како кон непријател.
Фото: Freepik
Неодамна експертите од Универзитетот во Кјото, Јапонија, ги анализирале кучињата за да го докажат она што Стенли Корен го тврдел во неговата приказна.
Во истражувањето учествувале 50 кучиња и сопственици, како и три актери. Еден од актерите имал улога на луѓе што не сакаат да му помогнат на сопственикот, додека сопственикот вади предмети од кутијата, друг актер бил неутрален и стоел настрана, а третиот му помагал на сопственикот. Потоа кучињата можеле да изберат од кој актер ќе земат храна. Сите кучиња еднакво прифатиле храна од неутралната личност и од помагачот.
Истражувачите заклучиле дека кучињата мислат дека е нормално да им се помогне на другите и таквото однесување за нив е посебно, па затоа не правеле разлика меѓу неутралниот актер и помагачот. Сепак, кога некој одбива да им помогне на луѓето што им се драги, тие го кршат „кучешкиот морал“ и тоа остава негативно влијание кај
кучето, па од тие луѓе нема да земат храна.