X
 14.02.2015 Наука

8.8 милиони тони пластика годишно се фрлаат во океаните

Сите ги знаеме катастрофалните фотографии од океаните преплавени со цели острови ѓубре.

 

пластика


Едно ново истражување открива колку пластика се фрла во океаните секоја годин, и предупредува дека најлошото допрва доаѓа.

Истражување направено од Универзитетот во Џорџија, спроведено од Џена Џамбек, ги следеле остатоците, и откриле 8.8 милиони тони пластика која излегува од морето секоја година - многу повисоко од претходните проценки.

Тоа е еквивалентно на 16 торби полни со ѓубре на секој метар од брегот, што значи дека до 2025 година ќе има пластика во океаните доволно за да покрие 5% од површината на земјата.

Кина е најлошиот виновник - оваа земја фрла околу 2.4 милиони тони пластика во океаните секоја година.

Истражувањето ја зеде во предвид количината на отпад што се создава по лице годишно, колку е тоа пластика и колкава е веројатноста тоа да заврши во морето.

Тоа откри дека повеќе од половина од пластичниот отпад во океаните доаѓа само од пет земји: Кина, Индонезија, Филипини, Виетнам и Шри Ланка. Единствената западна земја на листата на топ 20 загадувачи е Америка, и тоа на 20-то место. Сепак, истражувачите велат дека тоа доаѓа од широкото распространување на ѓубрето.

„Треба да се разбудиме и да го погледнеме опадот. Мислам дека проблемот на некој начин не` опкружува сите нас“, вели Џејмбек.

За разлика од претходните истражувања за пластиката во океаните, Џејмбек искористи статистика на Светската банка за отпадот на 192 земји и го проценила пластичното загадување.

Исто така, таа вели дека светот е 85 години оддалечен од „врвниот отпад“, а со оглед на тоа што производството на пластика е во подем, количинатра во водите ќе се зголеми во текот на следната деценија.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука