X
 17.03.2015 Култура

Правила за патување што секој треба да ги знае

Низ интернетот постојано кружат „најдобри совети за патување“ или пак „најдобри начини како да патувате“ па на тој начин имате можност да прочитате голем број предлози и совети во врска со патувањето. Меѓутоа, постојат и такви кои никој не ви ги кажува. Затоа, ви ги нудиме ние.

1. Не постои правилен начин за патување. Се` е правилно.

2. Нема потреба некој да ви кажува како да се пакувате. Знаете сами.

3. Автентичноста на едно место е различна за секој човек.

4. Погледнете во работите и нештата пред да ги фотографирате. На тој начин и ќе ги искусите, и ќе направите подобра фотографија.

5. Посомневајте се во секоја критика што ќе ја слушнете за некое место - дури и вашата.

6. „Сум бил насекаде“ е преценета „химна“ на патниците.

7. „Овој магичен момент“ е преценета „химна“ на патниците.

8. Секогаш постои место што нема да успеете да го видите.

9. Тајната во станувањето одличен патник е во вашиот автобус. Доколку знаете како да патувате со вашиот локален и меѓуградски автобус, тогаш можете да патувате насекаде низ светот.

10. Патувањето е последната шанса на возрасните луѓе да „играат“.

11. Само затоа што имате семејство не значи дека треба да одите на „семејно расположени“ дестинации.

12. Најпотценетиот филм во врска со патувањето е „Yes Man“ поради сцената во која Џим Кери и Зои Дешанел фаќаат било кој лет и заминуваат во Линколн, Небраска и на тој начин го имаат најдоброто патување во историјата на киното.

13. Обидете се да не завршите уапсени.

14. Одете на неколку места кои не сакате да ги посетите.

15. Франција е најпотценетата земја во светот. Храната и виното се одлични, погледот е прекрасен, луѓето се фини.

16. Не можете да го победите заморот од патувањето, но можете да го игнорирате.

17. Прочитајте книга за дестинацијата до која патувате.

18. Не секогаш ни се допаѓаат местата кои сме одлучиле да ги посетиме и покрај очекувањата.

19. Исто како што рекол Толстој: „Сите несреќни семејства се несреќни на сопствен начин“. Секој саем на уметноста, без разлика каде е, е ист. Затоа, посетете го.

20. Кога некој ви наплаќа премногу пари за нешто како лимонада, не ги нарекувајте „идиоти“. Едноставно одете си.

21. Вистински ќе го доживеете искуството на воз тогаш кога ќе преноќите во еден.

22. Цртањето и пишувањето во дневник е многу подобар начин да се сеќавате на искуството од патувањето од фотографирањето.

23. Во ред е да користите стапче за селфи. Но, подгответе се да бидете исмејувани.

24. Популарноцата е лош начин за одредување на вашата следна дестинација на патување.

25. Да бидете таму не значи секогаш „да бидете таму“. Ако промените авиони во Лондон, не значи дека сте биле во Лондон.

26. Вашиот дом е крајната дестинација. Токму ова е причината зошто патувате - за да видите до каде сте, но од поголема гледна точка.

27. Кога некој странец ви нуди помош, прифатете ја.

28. Неколку дена не користете камера ниту меил.

29. Во ред е да се чувствувате неудобно, само бидете искрени доколку нешто не е за вас.

30. Патувањето не е натпревар. Уживајте и забавувајте се.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура