X
 14.02.2015 Образование

Како да се подготвите за вашето прво интернационално практиканство?

Кои се работите на кои треба да внимавате за вашето прво интернационално практиканство?

 

praktikanstvo


- Немојте да се обидувате да се здружите со луѓе од вашата земја или град. Одлично е да пронајдете некој од вашиот регион, меѓутоа со ова создавате ризик да не се дружите со луѓе од другите земји.

- Не судете различна култура или начин на живот само затоа што имате чувство дека е различна од вашата. Бидете малку пофлексибилни во врска со работите кои ги перцепирате и набљудувате- не само затоа што не можете ништо да направите во врска со тоа, туку и поради тоа што имате многу да научите преку самите обиди да разбедрете.

- Пробајте јадења од различни земји. Можеби имате одредени ограничувања и не можете да јадете, меѓутоа тоа не значи дека нема да пронајдете нешто соодветно за вас.

- Не ја заборавајте целта. Можеби ќе имате одлични искуства и одлично ќе си поминете, но не ги заборавајте вашите приоритети и зошто сте таму.

- Научете нов јазик, без разлика колку е лоша вашата граматика, изговор, артикулација или акцент.

- Не заборавајте да ги земете сите важни документи од вашата земја за да спречите било какви подоцнежни проблеми.

- Почитувајте го времето на другите.

- Зборувајте тивко додека се возите со јавен превоз - гласното зборување не остава добар впечаток.

- Ако сте во интернационална група, обидете се да користете јазик кој е разбирлив за сите - најчесто англискиот.

- Добро би било да учествувате во интелектуални дебати со луѓе од другите земји. Ќе слушнете добри аргументи, стилови на аргументи и перспективи од различни региони.

- Во слободно време, возете велосипед или шетајте низ градот. Немојте да користите јавен транспорт. Со прошетката ќе откриете многу повеќе работи.

Учествувајте на различни настани - без разлика дали се културни, академски, спортски итн.

- Слушајте ја локалната музика. Прекрасно е да се откријат различните видови на музика и инструменти.

- Дознајте ги броевите за итни повици (полиција, пожарна, брза помош).

- Научете ги домашните обврски низ куќа (готвење, чистење, перење) за правилно да ги правите.

- Не постои подобар сувенир од туристичката мапа на секој град што ќе го посетите.

- И за крај, не се грижете премногу. Сите учиме од искуства. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование