X
 25.12.2021 Култура

Зад овие шарени скали се крие тажна животна приказна

Еден од главните симболи на Рио де Жанеиро се шарените скали Селарон, кои неофицијално ја добија титулата најубави скали на светот. А зад нив стои името на уметникот Хорхе Селарон, кој на нивното разубавување посветил 23 години од својот живот, во што успеал благодарение на донации од туристи од 60 земји.

Овие скали се наоѓаат во познатиот кварт Лапа, а уметникот кој ги украсил прекрасните скали е Чилеанецот Хорхе Селарон.

Откако го прошетал речиси целиот свет, во 1983 година пристигнал во Рио де Жанеиро и се вљубил на прв поглед.

Решил да остане во градот, а за да преживее, ги продавал своите слики. Живеел во зграда на врвот од скалите која наскоро ќе го носи неговото име. Во тоа време скалите биле во очајна и запуштена состојба, па решил да интервенира.

1
Фото: Freepik

Почнал со уредување на неколку столбови пред зградата. Планот бил скалите да се украсат со керамички плочки во боите на бразилското знаме, но она што почнало како хоби во слободното време прераснало во голем проект.

Како што скалите станувале пошарени, така станувале и попопуларни, а обожавателите од целиот свет почнале да испраќаат донации, керамички плочки.

Денес, овие прекрасни скали се украсени со дури 2.000 вида керамички плочки од 60 земји, од Алјаска и Јамајка до Казахстан и Кралството Есватини.

Мотивите се различни и вклучуваат птици, карти, знамиња, фудбал, познати личности... Меѓутоа, еден мотив најчесто се повторува. Станува збор за мотивот на бремена Африканка. Таа била и главниот мотив на сликите што Селарон ги продавал за да собере пари за нови плочки.

skali
Фото: Instagram

Селарон никогаш не открил за кого станува збор, само рекол дека се работи за „личен проблем од минатото“.
Тој ги опишал шарените скали како негово оддавање почит, луд и уникатен сон што ќе заврши на денот кога ќе го нема.

Во 2013 година тоа и се случи. На истите скали е пронајдено и безживотното тело на уметникот. Вистинската причина за смртта никогаш не е откриена.

selaron
Фото: Instagram

Утехата лежи во тоа што Селарон сепак доби признание. За неговиот проект, кој траеше вкупно 23 години, му беше доделена титулата почесен граѓанин на Рио де Жанеиро - град кој го сакаше и на чии улици остави неизбришлив белег, овековечен во натписот на скалите: „Бразил, Те сакам.“

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура