X
 23.02.2019 Култура

Зошто „Ѕвездата е родена“ би можел да освои „Оскар“ за најдобар филм?

Актерот/режисер Бредли Купер и неговата колешка Лејди Гага ја оживуваат класичната холивудска романса. Тој глуми рок-ѕвезда која полека се движи надолу, а таа надежна пејачка и текстописец со светла иднина. Двајцата се поврзуваат романтично, музички и судбоносно.

Улоги: Бредли Купер, Лејди Гага, Сем Елиот, Дејв Чапел и Андреј Дијс Клеј

Клучни награди што филмот претходно ги освоил: Награда од критичарите за најдобра актерка, најдобра песна; „Златен глобус“ за најдобра оригинална песна („Shallow“).

Зошто филмот би можел да освои „Оскар“: популарен е низ целиот свет поради својата класична приказна преполна со романса; станува збор за „најхоливудската“ приказна од сите осум кандидати за најдобар филм - а гласачите од Академијата обожаваат холивудски љубовни приказни.

Зошто не би можел да освои „Оскар“: приказната е премногу класична, а треба да се земе предвид и тоа што ова е четврти римејк на оригиналот. Единствениот сигурен „Оскар“ е оној за најдобра оригинална песна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура