Мора да му симнете капа на ова момче.
Брендон Скот Волф се обидел да ја пронајде својата љубов на сите онлајн страни за состаноци - „OkCupid“, „eHarmony“, „Tinder“, меѓутоа се`уште не успеал да ја пронајде.
Токму поради тоа, тој решил да направи негова сопствена онлајн страна за состаноци која е доста различна од другите: единствениот профил на неа е токму неговиот.
DateBrendonScottWolf.com ја опишува како „Број 1 онлајн страна за состаноци за Брендон Скот Волф“.
Профилот открива дека овој 25 годишен шанкер од Бруклин ја бара онаа посебна личност за заедно да ги споделуваат искуствата.
„Дефинитивно сум за слободна врска меѓутоа би можел да речам дека повеќе сакам да сретнам некого кој сака сериозна врска“, пишува Брендон.
Девојки, деоколку сте заинтересирани се` што треба да направите е да испратите фотографија и да го пополните онлајн тестот за вашиот карактер.
„Доколку ми се допаѓаат одговорите, јас лично ги канам на состанок“, вели Брендон.