Тејлор Мали себеси се опишува како „поет, изведувач, едукатор, наставник и агонист“. Дипломирал на Боудин колеџот и државниот Универзитет во Канзас, овој 49 годишен човек, поминал 9 години предавајќи математика, англиски и историја.
Maли е најдобро познат по неговото видео кадешто се обраќа за неговата улога како едукатор со глас на поет.
Неговата поема наречена „What does a teacher make“ е неговото најпознато дело. Со поставувањето на прашањето: „Колку заработуваш?“ човек не само што сака да дознае за нечија финансиска ситуација туку и е обид да се наметне приходот како основен показател за лична или општествена вредност.
Мали успева да даде силен аргумент со остра духовитост на поет, и секако, страста на еден наставник.
Видеото треба да биде потсетник дека луѓето не се нивната плата.