X
 02.02.2022 Забава

Дали знаете дека вашиот мобилен телефон може да ги изведува најпознатите магии на Хари Потер?

Современите паметни телефони се вистинско технолошко чудо, не престануваат да воодушевуваат и по малку да шокираат со своите можности. А трикот со паметен телефон што во последните неколку дена целосно ги освои социјалните мрежи ќе ги воодушеви сите љубители на светот на магијата и култниот волшебник Хари Потер.

Се сеќавате на времето кога наставниците во училиштата бараа да ги оставиме калкулаторите затоа што „нема да ги имаме со нас секогаш и во секоја ситуација“? Па, излезе дека ги имаме, заедно со компас, енциклопедија и еден куп популарни „мемиња“. И на целиот репертоар сега можеме да додадеме збир на магии од страниците на најпопуларните волшебнички приказни за Хари Потер!

Иако нема да можете да го користите „Patronus“ за да се одбраните од злото, вашиот уред ќе одговори на две многу познати магии на Хари Потер. Затоа, земете го вашиот „ајфон“, „андроид“ или „пиксел“ уред и подгответе се за вистинска магија!

LUMOS и NOX


Двете магии на Хари Потер што први ги научивме се однесуваат на светлината и темнината, а добро функционираат и на вашиот уред. За да може врвот на волшебното стапче да светне (да го запали блицот) како свеќа, треба да фрлите магија - LUMOS.

Кога сакаме да го исклучиме светлото, односно да го исклучиме блицот, тогаш дајте му команда NOX на вашиот уред. Ако користите „ајфон“, тогаш ѝ ја кажувате магичната команда на Сири, а ако користите „Андроид“, вклучете го вашиот „Гугл асистант“ или софтверот.

ACCIO


Сакате да отворите апликација што едноставно не можете да ја најдете? ACCIO ќе ви го овозможи тоа. Едноставно вклучете го вашиот „ајфон“ и повикајте ја Сири, а потоа дајте ѝ ја командата „ACCIO, Инстаграм“. Ова функционира и со апликациите за „Фејсбук“ и „Твитер“, но треба правилно да ги изговорите зборовите.

AVADA KEDAVRA


Сакате уште една магија? Иако нашите паметни телефони сè уште не ја разбираат оваа команда, можете да користите кратенки за создавање оваа „магија“. На пример, можете да користите кратенка на „Епл“ за да го префрлите вашиот уред во авионски режим по гореспоменатата гласовна команда. Наведете ги зборовите „AVADA KEDAVRA“ и во моментот кога ќе ги кажете, вашиот уред ќе ја следи дадената команда.

Извор: Lola Magazin
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава