После волонтирањето во Монтреал болницата, поточно во одделот за дијализа, 17 годишната Ања Погариан доби одлична идеја: што ако постоеше начин да се создаде дијализа за бубрези којашто ќе биде повеќе прифатлива и достапна за пациентите во земјите во развој?
Нејзината идеја стана реалност кога таа успеа да дизајнира и да изгради машина за дијализа за нејзиниот научен проект. Ања поминала 300 часа на проектот - 30 пати повеќе од потребните 10 за проектот.
Како што Ања вели, во земјите во развој, помалку од 10% од луѓето со болест на бубрезите имаат пристап до ваквиот третман. Овој вид на машина ќе им олесни на сиромашните пациенти да ја добијат терапијата којашто им е потребна.
Главната функција на бубрезите е филтрација: тие ги отстрануваат отпадните материи и вишокот на течности од организмот, го регулираат нивото на калиум и натриум, и помагаат во регулирањето на крвниот притисок и производството на црвените крвни зрнца.
Двете главни причини за откажување на бубрезите најчесто се дијабетес тип 2 и високиот крвен притисок. Кога нивната функција е изгубена, потребна е дијализа којашто ја презема работата на бубрезите. Машината го прави она што бубрезите треба да го направат: ја прочистуваат и филтрираат крвта.
Како што можете да замислите, дијализата е прилично сложена машина. Обично потребни се третмани три пати неделно во болница или со хемодијализа машина. За жал, оваа машина може да чини и до 30.000 долари. Но, како што можете да видите машината на Ања е многу поедноставна и помала и ќе чини околу 500 долари со што ќе им помогне на пациентите да имаат дијализа дома.