X
 16.02.2015 Образование

Автономна зона од утре на Технички факултет - УКЛО

Студентскиот пленум УКЛО најавуви дека утре ќе го окупира и ќе прогласи Автономна зона на Техничкиот факултет во Битола.



Пленумци на својата официјална ФБ страна објавија дека:

„Нема да се повлечеме од појаки критериуми за професорите, нема да се повлечеме од контролни механизми за проверка на знаењата на студентите. Дали тоа ќе биде државен испит, дали ќе биде некоја друга форма, меѓутоа мора да има правни механизми кои ќе ги проверуваат знаењата на студентите“ изјави Адеми

Со други зборови, автономијата ќе се крши и вака и така, единствено дискутабилни се името (дали ќе се вика државен испит, екстерно тестирање или контролен механизам) и формата/модалитетот, додека суштината останува - ќе има надворешно тестирање.

„Од друга страна, целиот Универзитет е автономна зона, не може да биде само една училница или еден факултет, рече министерот за образование и наука.“ - зарем?

Чувствуваме обврска, да ги ослободиме универзитетите - вистински и да прогласиме автономна зона! Владата окупира, ние ослободуваме!

Поздрав Пленумци! Се гледаме! :)

Во меѓувреме се огласија и манипулаторите на тоа што пленумците од УКЛО објавија демант на таквите манипулативни објави

[ДЕМАНТ] : На Twitter се појави невистина дека наводно студентите од УКЛО прогласуваат ‪#‎АвтономнаЗона‬ на Педагошкиот факултет во Битола, и тоа истовремено со најавата на Студентскиот Пленум - УКЛО за прогласување на автономна зона на Техничкиот Факултет во Битола.


Апелираме, да не се наседнува на вакви манипулации бидејќи единствената #АвтономнаЗона утре ќе биде прогласена на Техничкиот факултет во Битола!

Единствениот официјален извор на информации од Студентскиот пленум е ОВАА страница!

ДА НЕ ИМ ДОЗВОЛИМЕ ДА НЕ МАНИПУЛИРААТ!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование