X
 10.01.2024 Образование

Професорката Анка Трајковска-Петкоска од УКЛО е коуредник на нова книга од издавачот „Спрингер“

Професорката Анка Трајковска-Петкоска од Технолошко-техничкиот факултет – Велес, единица на УКЛО, е уредник на нова книга под наслов „Whey Valorization: Innovations, Technological Advancements and Sustainable Exploitation“ oд издавачoт „Спрингернејчр“.

Д-р Трајковска-Петкоска е дел од академската заедница на УКЛО коja својот научен потенцијал го фокусира кон нови технолошки решенија и иновативни производи за различни апликации кои водат кон подобрување на социо-економскиот и едукативниот потенцијал во земјата и пошироко.

Книгата дава осврт на искористувањето на сурутката со екстензивна анализа на нејзиниот состав како извор на вредни компоненти, како што се: лактоза, протеини и пептиди. Поинаку од досегашната литература, оваа книга го презентира искористувањето на сурутката како нуспродукт преку технолошко-напредни технологии и одржлива биотрансформација; имено, употреба на зелени технолошки третмани, мембранско процесирање, биотехнолошки третман на сурутката со биохемиски и ензиматски третман, микробиолошка трансформација, потоа добивање најразлични вредни продукти како биоетанол, глицерол, биопластика, бактероцини, полисахариди, пробиотици, органски киселини, ензими итн. Книгата ја покрива и употребата на сурутката за приготвување разни прехранбени производи, како што се сурутка во прав, сурутка во кондензирана форма, различни видови пијалаци итн.

kniga

Оваа книга претставува вредно четиво за многу истражувачи, прехранбени технолози, студенти и професионалци за осознавање на еколошки пристапи во искористување на отпадните материи или нуспродуктите од млечната индустрија преку многубројни иновативни, напредни и одржливи технолошки постапки и методи.

Повеќе информации за книгата можете да најдете ТУКА.

За посветеноста и работата во академската 2022/2023, во првиот квартaл на Scopus базата на податоци, со 5 објавени труда со вкупен рејтинг (CiteScore) 35,3, неодамна УКЛО на професорката Анка Трајковска-Петкоска ѝ додели награда - прво место во категоријата најдобар научник на УКЛО.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование