Помина речиси една недела откако студентите влегоа во предавалните на факултетите на главниот универзитетски кампус и ги повикаа колегите да имс е придружат во заедничката окупација на наставата. Горд момент беше тоа за сите нас.
Денес, студентите се' уште ќе ги најдете на факултетите. Веќе петти ден, окупацијата се одвива и на техничките факултети. Бевме на двете локации. Атмосферата е одлична. Се чувствува младост, живост и среќа поради праведното постапување.
Се дебатира, се разговара, се гледаат едукативни филмови и се слушаат образовни предавања од професорите на окупираните факултети. Се развива и креативноста и се усовршуваат вештините за готвење и чистење. Сето тоа додека се спие на клупа или под.
Ние сме таму заедно со студентите и твитаме за се'. Следете не'
ОВДЕ.
Ова е петтиот ден од окупацијата на техничките факултети и шестиот на универзитетскиот кампус низ фотографии.