X
 27.03.2023 Образование

Сѐ повеќе студенти се откажуваат од студиите за да го заштитат менталното здравје

Студентите сè почесто се збогуваат со образованието без да добијат диплома. Нова анкета на „Галуп“ покажува дека 41 отсто од студентите што моментално се запишани на студии размислувале за откажување од студиите во последните шест месеци.

Процентот е повисок во споредба со првата година од пандемијата, кога 33 отсто од студентите размислувале за напуштање на студиите.

Емоционалниот стрес бил најчеста причина зошто студентите сакале да се откажат од студиите бидејќи 55 отсто од нив го дале овој одговор. Лични проблеми со менталното здравје бил втор најчесто даван одговор со 47 отсто.

Во анкетата учествувале 12.015 Американци на возраст од 18 до 59 години, а таа била спроведена во октомври и ноември 2022 година.

Истражувачите забележале разлика и помеѓу половите, односно 47 отсто од студентките изјавиле дека често доживуваат емоционален стрес, во споредба со само 30 отсто од машките студенти. Исто така, помладите студенти до 24 години почесто биле под стрес во споредба со студентите на возраст од 25 години или повеќе.

Извор: Vecernji
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование