Студентскиот пленум одржа дневен состанок на кој се одлучи да се продолжи окупацијата.
На состанокот учествуваа студенти и професори од ФИНКИ,ТМФ,ФЕИТ,МФС,Градежен и Архитектонски факултети.
Денешната средба со која официјално требаше да почнат разговорите за нов закон за високо образование беше одложена во последен момент. Од Министерството за образование како причина ги наведуваат дополнителните обврски на министерот Адеми, но и заедничкатата седница на македонскиот и српскиот кабинет. Новиот термин ќе биде допонително утврден. До тогаш треба се прецизира и локацијата која стана спорна, особено по информациите дека било планирано денешната средба да се одржи во клубот на пратеници, пренесува Телма.
Ако иницијативите се средбата да се одржи на академска територија, нема причина зошто да не ги прифатиме, но доколку власта тврдоглаво опстојува на одредени одлуки, тоа е лоша порака за насоката во која одат овие дискусии , рече Мирјана Мирчевска од студентски пленум
Студенсткиот пленум останува на нивната црвена линија- високо образование без државен испит.Одложувањето на измените на законот велат не се сами по себе цел, бидејќи суштината е тие целосно да се избришат Воздржаност пред средбата искажаа и претставниците на професорскииот пленум
Тукушто се состана професорскиот пленум . За договореното ќе добиете соопштение, рече проф Дана Прелиќ
Професорскиот т пленум, потоа сепак одлужи да не испрати соопштение. Претходно ректорот на УКИМ , сенаторите и деканите најавија сигурно присуство на средбата Од првиот разговор очекуваат да се утврди понатамошната методологија на работењето. Според договорот постигната пред една недела во владата, во следниот период работни групи на министерството за образование, на раководството на скопкиот универзитет и на двата пленума треба да излезат со предлози за нов закон за високо образование