Студено утро не очекува во среда. Утринските температури ќе се движат од -13 до -3 степени. Во текот на денот ќе биде сончево, потопло и ветровито.
Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 45 км/ч. Максималните дневни температури ќе се движат од 1 до 8 степени.
Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од -7 степени, а максималната дневна ќе достигне до 6 степени.
weather4all.com.mk