Денес е вторник, 11 октомври 2016 година, 285-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:36, а ќе зајде во 18:02 часот. Денот ќе трае 11
часа и 26 минути.
И ова утро во Македонија имаме облачно и врнежливо време. Во овие
утрински часови поинтензивни врнежи од дожд има во западните и
југозападните предели, а овие врнежи во наредните часови ќе се прошират
насекаде во Македонија.
МАКЕДОНИЈА – Македонија и денеска ќе биде под влијание на Медитеранскиот
циклон кој ќе услови нестабилно време со поинтензивни врнежи од дожд и
засилен ветер. Врнежи од дожд ќе бидат поинтензивни во југозападните,
југоисточните и североисточните предели, каде локално може да наврнат и
до 30 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува доумерен југозападен и
југоисточен ветер. Утринските температури од 6 до 14 степени, додека пак
максималните дневни ќе достигнат до 10 односно до 20 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје во вторник облачно со врнежи од дожд, ветровито и
свежо време. Поинтензивни врнежи се очекуваат во попладневните часови.
Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 12
степени, а максималната дневна до 17 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда во утринските и раните претпладневни часови
ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Врнежите во
подоцните претпладневни часови ќе престануваат, а попладне и со услови
за намалување на облачноста. Максималните температури од 8 до 18
степени. Во четврток по студеното утро со утрински температури од -2 до
8 степени, во текот на денот претежно сончево со локална облачност и
потопло време со температури од 11 до 21 степен. Во петок и сабота ќе
продолжи стабилното и потопло време, претежно сончево со локална
облачност и дневна температура од 13 до 23 степени во петок, односно од
15 до 25 степени во сабота.
Weather4all.com.mk