По тестирање на десет различни математички апликации во училниците во период од повеќе недели, три биле издвоени како најдобри од страна на тимот на „Едудемик“. Тоа се: „Operation Math“, „Free Graphing Calculator“ и „DragonBox Algebra 5+“.
Ова се најдобрите апликации за учење и вежбање математика за оперативните системи „iOS“ и „Андроид“ бидејќи биле најкорисни, најинтересни и наједукативни.
„Operation Math“
Оваа апликација е лесна за користење и разбирлива. Таа дава добри вежби, но не дава многу објаснување за погрешните одговори, со што би се подобрило учењето.
„Free Graphing Calculator“
Апликацијата е интуитивна, според тимот на „Едудемик“, но таа повеќе е математичка алатка отколку направа за учење.
„DragonBox Algebra 5+“
Интуитивна е и има соодветни нивоа на тежина. Педагошки, децата учат алгебра додека учат да играат, а апликацијата нуди совети на својот блог со кој наставниците може да ги искористат вештините за играње како вештини за учење математика.