Не е тајна дека живееме во материјален свет. Постојано сме бомбардирани со пораки со кои сме информирани да купуваме повеќе нешта, дури и кога немаме потреба од тоа. Доволно е лошо паѓањето во стапицата од страна на возрасните да трошат повеќе од тоа што може да си го дозволат. Како родители треба сите ние да ги научиме децата за финансиски менаџмент, материјализам и како да дојдат до среќа без прекумерно трошење. Ако го правиме тоа ние може да креираме подобра иднина во нашиот целокупен свет. Еве некои од начините како да го направиме тоа:
1. Научете ги децата за финансиски менаџмент
Буџетирањето и финансискиот менаџмент стануваат покомплицирани како што созреваме и стануваме возрасни, но сето тоа се наоѓа во основата на една премиса која гласи: „Не троши повеќе од што заработуваш“. Кога ги учиме децата за парите, мора да ги научиме за долгорочните и краткорочните заштеди. Тие мора да разберат дека ако потрошат пари на бонбони денес, ќе бидат подалеку од целта да си дозволат нова играчка или видео игра. Во еден свет полн со инстант задоволства децата треба вистински да го сфатат концептот на заштеда на парите за следниот ден. Исто така тие мора да се научат за заштеда во итни случаи. Иако итност за децата значи кршење на нивната играчка или уништена книга што треба да бидат заменети, тие мора да разберат дека поголем дел од времето парите не се стока, туку се неопходност.
2. Научете ги децата на разликата помеѓу желби и потреби
Како што веќе споменавме децата мора да разберат дека парите не служат за купување на луѓето што ќе посакаат. Возрасните поголем дел од парите го вложуваат во осигурување дека имаат покрив над глава, облека на своите тела и храна на масата. Ова не подразбира дека родителите треба да ги натераат своите деца да дадат дел за месечната сметка за струја, но треба да знаат дела парите треба да бидат потрошени прво на неопходните работи, а во втор план доаѓаат непотребните. Но прво треба да ја разберат разликата меѓу желби и потреби. Едноставно е. Потреба е нешто без кое не можеш да живееш, додека желба е нешто што може да биде забавно и возбудливо, но не е неопходно за опстанок. Децата кои растат разбирајќи го ова ќе имаат помала волја во иднина да прават инстант купувања и да го надминат буџетот со трошење.
3. Научете ги децата за психологијата на рекламирањето
Како што се движиме до крајните точки, родителите треба да зборуваат со нивните деца за комерцијализацијата и рекламирањето што тие го гледаат на ТВ и на интернет на дневна база. Целта на маркетинг компаниите е да направи од вас потенцијални потрошувачи правејќи ве да размислувате дека тој производ навистина ви е потребен, па и по цена да жртвувате вистинска потреба во вашиот живот. На децата им недостига капацитет да ја разберат психологијата на рекламирањето и затоа постои поголем ризик да бидат искористени. Учењето на децата да размислуваат критички за пораките што рекламите ги испраќаат, ќе обезбеди тие да ги трошат нивните пари мудро и да одбегнат да „купуваат“ лажни ветувања.
4. Учете ги децата на работна етика
Иако постои ризик да звучи како клише, децата треба да знаат дека парите не растат на дрво. Звучи едноставно, но повеќето деца не разбираат колку труд родителите вложуваат во работа бидејќи тие не се соочиле со тоа. Тие не ги гледаат сметките, туку според нив парите се бесконечен ресурс. На нас возрасните ни е јасно дека парите доаѓаат од напорна работа. Ние треба да ја инсталираме оваа реалност во нашите деца веднаш штом станат доволно возрасни да се способни да ја чистат својата соба и да си го местат сами креветот. Наместо од само давање на пари, натерајте ги да ги заработат. Објаснете им како можат да заработат со работење околу куќата, но дека сепак тоа не значи дека се што ќе направат ќе резултира со заработка.
5. Кажете „не“ одвреме навреме
Запомнете вие сте возрасното лице. Без оглед колку добро ги учите децата за финансиски менаџмент разликата помеѓу желбите и потребите, како и задржување на задоволството сепак тие ќе се обидат да ве компромитираат колку што е можно одвреме-навреме. Проблемот е еднаш штом ќе почнете со компромиси станува лизгава патека и ќе ви стане потешко да кажете „не“ кога навистина нема да можете да си дозволите нова играчка или уред за играње. Кога децата се вознемирени тие не слушаат причина. Ако кажете „не“ и тие почнат да се муртат вие нема да може да ги научите ништо околу управувањето со пари, се додека не се смират. Па затоа не треба да се срамите да играте на картата: „Бидејќи јас така кажав“. Може да настане краткотрајна експлозија, но на крај ќе ја научат лекцијата и ќе сфатат кон што се стремите, се додека цврсто стоите позади својата одлука.
6. Практикувајте го она што го „проповедате“
Пред се друго, како родител треба да дејствувате како модел за вашите деца кога се работи за управување со пари и материјализам. Ако тие гледаат како одите во трговски центар секој викенд и се враќате дома со нови алишта, нови чевли и други непотребни предмети, што мислите како ќе реагираат? Секако не може да се оспори фактот дека работите напорно и заслужувате да си купите „ убави нешта“. Но не мешајте ги убавите нешта со нешта што ги сакате сега и нема да ги користите повторно. Пред да купите било што размислете како ќе го користите, за да не заврши да фати прашина во плакарот. Учете ги децата дека треба да трошат пари само доколку го користат мудро она што ќе го купат. Се додека имаат практична потреба од се што ќе купат, тие ќе ја избегнат стапицата на материјализмот и прекумерното трошење пари.