Помнењето играло важна улога во минатото, кога приказните не се запишувале, туку се пренесувале усно. Така било и во древна Грција. Еден од методите што ги измислиле старите Грци за да го подобрат своето помнење бил методот лоци.
Оваа техника е позната и како патување на помнењето, палата на помнењето или техника на палата на умот. Според Цицерон, оваа техника ја открил грчкиот лирски поет Симонид.
Симонид еднаш бил поканет да настан на кој се срушил покривот на салата врз гости кои биле згмечени до непрепознатливост. Тоа го отежнало нивното идентификување, но Симонид успеал да ги идентификува гостите само врз основа на тоа каде седеле околу главната маса. Во ова лошо искуство Симонид сфатил дека може да се запомни што било доколку се поврзе со ментални слики и така го развил методот лоци.
Фото: Pixabay
Методот се заснова на визуализирање на работите што сакате да ги запомните. Тоа е ментално патување со одреден редослед со почетна и крајна точка, со тоа што со секој поим се создава слика за неговата локација. На пример, доколку сакате да запомните список за пазарење, треба да направите ментална слика од локацијата на сите поими кои ќе бидат сместени во „палата“ низ која може ментално да се движите.
Неодамнешни истражувања покажале дека техниката може да биде ефикасна и денес, особено во помнењето многу зборови за кратко време.
Извор:
Studomat
Насловна фотографија: Pixabay