Станува збор за една од најистакнатите промоции во историјата на хрватските факултети, особено за 50-те нови магистри по медицинско-лабораториска дијагностика кои во четвртокот на Медицинскиот факултет во Осиек добиле дипломи што во Хрватска се целосно безвредни.
„Завршивме студии што не вредат, а диполмата можеме само да ја ставиме на полицата и да гледаме како собира прашина. Всушност, не завршвиме ништо. Збунети сме, а најмногу нè интересира кој е виновен. Денес треба да бидам горд и среќен, а јас не сум ни едното ни другото, бидејќи сиот труд не ми вреди за ништо“, изјави Матеа Ребрина, млада студентка.
Станува збор за диплома што не е признаена од Министерството за здравство на Хрватска, иако истата диплома стекната во друга земја-членка на ЕУ е признаена. Од министерството велат дека дипломите не им се потребни и студентите можат да работат со дипломите што ги добиле од додипломските студии.
„Прекрасен ден, образовавме исклучителни професионалци. Сè останато ќе биде решено во нивна корист. Се работи на тоа“, изјави Љубица Главац Обровац, а истото го потврди и Јуре Мират, на чело на одделот за медицина во Осиек.
„Младите бараат знаење, го добија и тоа е иднината. Младата струка секогаш наидува на некакви проблеми. Потребно е малку трпеливост. Го направивме нашиот дел, студентите денес добија статус и легитимитет за тоа што го работат. Важно ни е сите да добијат работа. Каде ќе се вработат? И ние на
факултет вработуваме, а можат да се вработат и во различни гранки, и надвор. Знаењето е моќ“, истакна деканот.